Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ вчера објави видео снимка на која според нив група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно. Побараа итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ја осуди и се огради од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, по снимката која вчера беше објавена во медиумите и на социјалните мрежи за иживуваање врз животно и најавваат дека инспекторот ќе биде повикан на разговор и против сите лица вклучени во случајот ќе покренат и спроведат соодветна законска постапка.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ вчера објави видео снимка на која според нив група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно. Побараа итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност во институцијата.
И министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека е згрозен од монструозниот чин на инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, и најави итно постапување и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.
Сточарот Александар Мачевски од пехчевското село Робово, пак, во врска со написот на „Анима Мунди“ изјави дека снимката е лична и приватна направена во неговиот дом како традиција што секоја година се прави во домот на сточарите кога ги продаваат јагнињата.
„Се свири песната ‘Изгубеното јагне’ и се носи јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и ,заколено и после песната е пуштено затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година“,
изјави Мачевски, кој најави судска постапка против здружението ако не го повлечат соопштението.