За Петре Шилегов рече дека има многу сработено за градот и дека е најдобриот градоначалник досега, поради што и многу Албанци ќе гласаат за него
Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, синоќа во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека премиерот Зоран Заев не е во право кога најавува оставка.
Според Ахмети, ова се локални избори и тој не е градоначалник.
„Мислам дека Заев избрза. Ова се локални избори. Заев не се кандидирал за градоначалник. Заев има четиригодишен мандат како премиер. Не знам која е неговата стратегија, но не треба да се разочарува. Тој треба да работи со неговиот тим и да победат во Скопје“,
рече Ахмети.
За Заев кажа дека донел тешки, но многу значајни одлуки за земјава.
„Заев ја внесе земјата во НАТО. Мислам дека ќе дојдеме до решение и со Бугарија. Заев треба да остане премиер. Избрза со неговата изјава дека ќе се повлече. Тој треба да работи со својот тим и да го добијат Скопје“,
рече Ахмети.
За Петре Шилегов рече дека има многу сработено за градот и дека е најдобриот градоначалник досега.
„Многу Албанци ќе му дадат поддршка, и еве упатувам апел сите да го гласаат“,
вели Ахмети.
На прашањето каков е неговиот став за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека има еден голем проблем, затоа што постојано се поставуваат како националистичка и антиалбанска партија.
„Мицкоски направи тактички потег што коалицираше со албанската опозиција сакајќи да покаже дека не е националистичка и антиалбанска партија и ги заборави брзо навредите на опозицијата и Села. ВМРО-ДПМНЕ кога е во опозиција е националистичка и антиалбанска партија, а кога е на власт не се однесува така“,
порача Ахмети.