Еркан Арифи, кандидат на ДУИ за градоначалник на Липково пред граѓаните рече дека во текот на овој мандат напорно работеле и со тој интензитет ќе продолжат и понатаму
Зелената агенда е агендата на европско време, модерна, која го подобрува начинот на живот, рече вечерва во Липково претседателот на ДУИ; Али АХмет.
Тој потсети дека поглавјето 24 за членство во ЕУ е едно од најсложените, бидејќи животот на луѓето зависи од тоа како ја организираат животната средина. Во својот говор го пофали Еркан Арифи кко досегашен граадоначалник на Липково и најави дека во следниот мандат ќе ја имплементира зелената агенда бидејќи има решение за проблемите во општините и таа агенда гарантира подобар живот и поразвиени општини.
„Во општина Липково нема избори, тука има само решение и посакуваното решение има само едно име, тој е Еркан Арифи, бидејќи целата Влада и целиот Парламент стојат зад неговата програма. Од почетокот на оваа влада, во општина Липково нема село каде не се работи, нема проект што е поднесен и не се реализира, секое ветување на Еркан ќе го поддржиме до крајот на мандатот. Зборовите што ги кажаа сонародниците се најдобарата проценка бидејќи другите институции не можат да ги водат непрофесионални луѓе. Тој е градоначалник со највеќе реализирани проекти“,
рече Артан Груби.
Еркан Арифи, кандидат на ДУИ за градоначалник на Липково пред граѓаните рече дека во текот на овој мандат напорно работеле и со тој интензитет ќе продолжат и понатаму.
„Не ги делевме граѓаните, во секое време се обидуваме да им служиме на сите, нема ден да не се сретнеме со граѓаните, за да ги слушнеме нивните грижи. Во соработка со Владата реализиравме многу инфраструктурни проекти. Ако работиме заедно, победата нема да изостане“,
рече тој.
Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи изборната кампања во општина Чаир, каде ќе ги претстави кандидатот за градоначалник Висар Ганиу и листата на кандидати за советници со носител на листа Сермине Пурини.