Покрај реферирањето за повеќе владини проекти, првиот вицепремиер Артан Груби на трибината во Шемшево – Општина Јагуновце упатил и неколку политички пораки, посочувајќи дека влажниот барут на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има само една цел да го држи народот под страв и поделен
Секогаш сме работеле да има мир и стабилност не само за нашата земја, туку и за целиот регион, да се бориме против злото и да најдеме заеднички јазик, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети од вечерашната трибина со жителите селото Шемшево во општина Јагуновце.

Станува збор за продолжение на средбите на Ахмети и неговите најблиски соработници со граѓани, кои партијата ги започна неодамна.
Покрај Ахмети, говори пред присутните на вечерашната трибина одржале и првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката Фиснике Бектеши-Шаќири и претседателот на огранокот на ДУИ во Јегуновце, Елдин Адеми.
Лидерот на ДУИ, како што се наведува во партиското соопштение за настанот, истакнал дека земјава се наоѓа во историски и одлучувачки моменти и дека тие се дел од проевропскиот фронт затоа што тој ќе обезбеди подобар живот за идните генерации.
„Се наоѓаме во историски и одлучувачки моменти, па да ги оставиме зад себе остатоците и ситниците, бидејќи ние сме храбра генерација и тоа го имаме докажано. Сигурен сум дека тоа ќе се направи, дека Албанците се на страната на Европа и се дел од неа. На стабилноста на Европа и треба Македонија, во насока на спречување на миграцијата и создавање услови за подобар стандард во земјата. Ние сме дел од овој проевропски фронт затоа што тој е важен за сите нас и ќе обезбеди подобар живот за идните генерации“,
рекол Ахмети во своето обраќање.

Тој во своето обраќање неколкупати го споменал покојниот Абдилаќим Адеми – функционер во ДУИ и министер во неколку владини ресори, кој е роден во Шемшево. Адеми почина во 2018 година по тешко боледување.
„Абдилаќим многу помогна во приближувањето на важните процеси на земјата. Овој идеал на Адбилаќим ја извади на површина идејата за обединување на луѓето околу обединета Европа. Придонесот на Абдилаќим Адеми е голем, тој достојно не претставувал секаде каде што бил, па и вие како млади земете го како мотивација. Секогаш сме работеле да има мир и стабилност не само за нашата земја, туку и за целиот регион, да се бориме против злото и да најдеме заеднички јазик. Не смееме да го заборавиме минатото, но мораме да ја градиме иднината. Јас не сум политичар на телевизиските екрани или на канцелариите, туку доаѓам од друга област која ги знае проблемите на народот, па затоа сум покрај вас секогаш да ве слушам“,
рекол Ахмети.
Првиот вицепремиер Артан Груби, како што соопштуваат од ДУИ, истакнал дека целта на овие средби е да ги сослушаат граѓаните и преку нив да ја оценат својата досегашна работа. Покрај реферирањето за повеќе владини проекти, Груби на трибината во Шемшево упатил и неколку политички пораки, посочувајќи дека влажниот барут на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има само една цел да го држи народот под страв и поделен.

„Сакаме силна Македонија со сите народи што живеат тука. Значи влажниот барут на Мицкоски има само една цел, да го држи народот под страв и поделеност, страв од Грците, Бугарите, Албанците итн… Политиката на страв е политика на регресија, но не ни треба, нам ни треба напредок“,
порачал Груби.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во своето обраќање истакнал дека С Македонија повеќе не е нестабилна земја и заканите со конфликти повеќе не функционираат.
„Нашата држава има стабилност, но има други држави кои се неподготвени, порано важевме за нестабилна земја, со можност да го нарушиме мирот и соседството што некој го користеше како што сака. Сега оваа пролет на конфликти не функционира, бидејќи веќе не сме резервна земја за криза, сега дури и сепаратистите разбраа дека причината зошто во оваа земја повеќе нема конфликти, туку има стабилност е токму Али Ахмети“,
посочил Османи.

Оваа кампања, истакнал тој, сега се концентрира само на една точка – Европската Унија, а уставните измени се клучниот момент за земјава.
„Оваа година Северна Македонија мора да ја помине точката од која нема враќање, уставните измени се клучниот момент за Северна Македонија затоа потребно е да покажеме внимателност и единство, да го завршиме проектот `Заедно за Европа`“,
подвлекол Османи.
Пратеничката Фиснике Бектеши Шакири истакнала дека токму Али Ахмети е најзаслужен што земјата станала членка на НАТО, а со уставните измени ќе се промени и иднината на државата, се наведува во соопштението на ДУИ за трибината во Шемшево.
Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Јагуновце, пак, посочил дека ДУИ отсекогаш била позната како прогресивна партија, која поддржувала проевропаска и американска политика.
„ДУИ отсекогаш претставувала вредност за целиот народ, партија која ги брои достигнувањата и не правела горди сите нас“,
рекол Адеми.