Ахмети ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ, ако ѝ пречи ДУИ да биде во владата, тогаш да гласа за уставните измени. Во истиот момент, нагласи Ахмети, ДУИ ќе се повлече од извршната власт
Парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин. Во моменотв, изборите не нудат решение, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската Унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година“,
рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање за време на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Ахмети ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ, ако ѝ пречи ДУИ да биде во владата, тогаш да гласа за уставните измени. Во истиот момент, нагласи Ахмети, ДУИ ќе се повлече од извршната власт.
За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети рече дека нема потреба од таква средба.