Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретнал со поранешниот премиер Владо Бучковски, кого Владата го избра за специјален претставник за Бугарија, при што лидерот на интегративците изразил уверување дека ќе се реши спорот со Софија.

„Ахмети и Бучковски дискутира за имплементација на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, актуелните ставови меѓу страните и најдобрите начини за да се надмине создадениот спор. Ахмети даде целосна поддршка за интензивен дијалог и изрази убедување дека решението може брзо да се постигне и тоа без никакви последици врз јазикот, идентитетот и културата кои не се дел од контекстот и дијалогот“,
информираат од ДУИ.
Од таму уште додаваат дека европскиот дух на постигнување договор треба да преовладува и во неговото прецизно спроведување без одлагање и како дел од рамката за преговори во областа на меѓусоседските односи, но и уставните одредби за немање територијална и други претензии кон нашите соседи.