Сето ова време во јавноста имаше дилеми во кое својство Ахмети е повикан да даде исказ пред Специјалното обвинителство, каде што меѓу обвинетите за воени злосторства од неодамна е косовскиот претседател Хашим Тачи
Во Приштина претпладнево почнал распитот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој набрзо по завршувањето на предвремените парламентарни избори во земјава доби покана да даде исказ пред Специјалното обвинителство за Косово, кое е лоцирано во Хаг.
Новиот прв вицепремиер Артан Груби, кој го придружува Ахмети во Приштина, потврдил за ТВ21 дека утрово во 9:30 часот почнало сведочењето на на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во седиштето на Специјалното обвинителство во Приштина.
Алсат јави дека сослушувањето во објектот на ЕУЛЕКС во Приштина траело два часа и дека ќе продолжи утре.
Сето ова време во јавноста имаше дилеми во кое својство Ахмети е повикан да даде исказ пред Специјалното обвинителство, каде што меѓу обвинетите за воени злосторства од неодамна е косовскиот претседател Хашим Тачи.
Бујар Османи вчера изјави дека Ахмети е повикан како сведок.
Ахмети, како што беше соопштено набрзо откако ја доби поканата, е повикан на распит како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Тој и утре останува во Приштина, затоа што специјалните обвинители побарале да им биде на располагање два дена.
Поврзани вести:
И амбасадорот на Косово во Македонија бил контактиран од судот во Хаг
Тачи планира да демисионира ако се потврди обвинението од Хаг
Поранешниот косовски пратеник Гани Геци стравува за животот по сослушувањето на Тачи во Хаг
