Двајцата соговорници разговарале и за можноста за одредување датум за првата меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година
Спорот со Бугарија и можностите за негово решавањето биле тема на дневен ред на денешната средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со бугарскиот европратеник, Али Ахмети, како што соопштија од прес-службата на партијата.
Посебен акцент во разговорите бил ставен на, како што се посочува, постигнувањето договор што е можно поскоро и надминување на овој спор, „бидејќи патот на Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност, исто како и решавањето на прашањето без никакво одлагање“ . Двајцата соговорници разговарале и за можноста за одредување датум за првата меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.
„Целиот процес треба да се затвори без одложувања, бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Северна Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата и на регионот. Исто така, потребно е и повеќе да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните“,
оценија на средбата Ахмети и Ќучук.
Европратеникот Ќучук му изрази сочувство на Ахмети во врска со сообраќајната несреќа во Бугарија, притоа потенцирајќи дека властите во Софија, во соработка со Скопје, се ангажирани за целосно расчистување на случајот.
Ахмети изразил благодарност за брзата и многу ефикасна реакција на бугарските власти.
Лидерот на ДУИ искажал честитки за одржаните избори во Бугарија и за изборниот резултат, надевајќи се на што поскоро формирање на институциите, соопштија од ДУИ.