Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук профил напиша дека иднината на нашата земја треба да биде запечатена кон Европа. Според Ахмети, францускиот предлог не влијае ниту на јазикот, ниту на културата, ниту на историскиот идентитет.

„Јасни и децидни беа изјавите на претседателката на Европската комисија, г. Урсула фон дер Лајен, за поддршката што ни ја дадоа сите европски земји, за содржината на предлогот на француското претседателство што на ниту еден начин не влијае на карактеристиките на јазичниот, културниот и историскиот идентитет на нашите сограѓани Македонци“,
напиша Ахмети.
Ахмети додаде дека досега се донесени важни одлуки кои се покажаа корисни за сите нас, па за тоа овие денови, напиша Ахмети, да размислиме длабоко и да ја запечатиме нашата европска иднина.
