Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на својот профил на Фејсбук ги смирува сопартијците по најавата дека е создадено ново парламентарно мнозинство од сите опозицииски партии, на кое му се придружи и владиниот коалиционен партнер Беса.
„Имам многу повици, наредби и поддршка од сите страни, Ви благодарам и не можејќи да Ви одговорам на сите, Ви велам дека заедно ќе успееме, Нема да постапуваме ниту со емоции ниту во еуфорија. За се ќе бидете навреме информирани. Секогаш заедно, во секоја битка“,
им порачува лидерот на ДУИ на своите сопартијци.
Тој подвлекува дека за актуелните случувања е во контакт и координација со стратешките партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската Унија.
„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците“,
пишува Ахмети на својот профил на фејсбук.