Заев и Ковачевски деновове имаа средба и со другите коалициски партнери во Владата, по внатрепартиските избори во СДСМ и најавата за смена и на премиерската функција
Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потвриле за МИА од Владата.
Оттаму посочиле дека тоа е средба во рамки на серијата состаноци на Заев и на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, со владините коалициски партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.
Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Ковачевски.