„Целиот буџет е околу 700 000 евра, а Македонија учествува со 100 000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои немаат ни филм што има реални шанси за ‘Оскар’“, изјави в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски
Агенцијата за филм ќе издвои 100 000 евра за поддршка на кампањата за „Оскар“ на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, сметајќи го за национален интерес.

„Кампањата за ‘Оскар’ ја поддржува ‘Нешнал џиографик’. Целиот буџет е околу 700 000 евра, а Македонија учествува со 100 000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои немаат ни филм што има реални шанси за ‘Оскар’“,
изјави на денешната на прес-конференција в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.
Предлог-буџетот на Агенцијата за филм за следната година е 263 милиони денари или 4,3 милиони евра.
„Приказната за Силјан“ е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата Најдобар интернационален филм за 2026 година. Во септември годинава документарецот на Котевска беше откупен од „Нешнал џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци.
