Авион на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година се урна додека леташе над источна Украина, каде што имаше конфликт, откако беше погоден со проектил од руско производство
Регулаторот на Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА) предупреди дека авионите и авиокомпаниите може да бидат изложени на зголемен ризик поради војната во Украина.
Регулаторот во соопштението посочува дека цивилните авиони може да бидат случајно цел и авиокомпаниите би можеле да бидат погодени од сајбер-напади поради тековниот конфлик.
„Како што покажаа претходните војни, погрешната идентификација е лесна во хаосот на арените на војување“,
се вели во предупредувањето.
Авион на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година се урна додека леташе над источна Украина, каде што имаше конфликт, откако беше погоден со проектил од руско производство.
„Ако ја додадеме веројатноста за користење електронски помагала што може да бидат вметнати во навигациските и или во алатките за идентификација, тогаш е лесно да се види потенцијалот за ваквите авиони да бидат цел на ракети или на радарски управуван проектили“,
додаде EAСA.
Регулаторот, исто така, посочи дека постојат потенцијални ризици поврзани со воените операции со користење на цивилните аеродроми во текот на целиот конфликт.