Соединетите Американски Држави денеска го назначија Рамиз Мерко како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција
Американската амбасадорка Анџела Агелер, преку социјалната мрежа Фејсбук, се огласи по повод назначувањето на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави.
Агелер потенцира дека САД ќе продолжат да се борат против секој оној кој го поткопува владеењето на правото во Северна Македонија,
„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилност на Северна Македонија“,
напиша Агелер.
Соединетите Американски Држави денеска го назначија Рамиз Мерко како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.
„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и во другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија“,
објавија од Стејт департментот на САД.
Стејт департментот, исто така, ги означи сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во Соединетите Држави.