Неколку дојдовни летови биле одложени или пренасочени откако полицијата добила извештај околу полноќ дека пилот на норвешката авиокомпанија ги информирал оти наводно видел три до пет дронови за време на приближувањето кон аеродромот

Аеродромот во Осло утринава привремено ги прекина летовите откако беше пријавен дрон во близина на аеродромот, објави новинската агенција НТБ
Според информациите на агенцијата, неколку дојдовни летови биле одложени или пренасочени откако полицијата добила извештај околу полноќ дека пилот на норвешката авиокомпанија ги информирал оти наводно видел три до пет дронови за време на приближувањето кон аеродромот.
Агенцијата објави дека нема потврда за присуството на дронови и дека сите операции на аеродромот продолжиле.
Овој инцидент доаѓа во време на сè почести нарушувања на воздушниот простор во Европа, особено со употреба на беспилотни летала.
Дронови беа забележани во близина на аеродромите во Копенхаген, Осло и Минхен.
Вчера и воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Вилнус беше привремено прекинат откако во литванскиот воздушен простор беа забележани сомнителни балони. Инцидентот доведе до пренасочување на неколку летови.