Началникот на прес-центарот на јужните одбранбени сили објави порака на социјалните мрежи во која се вели дека пистата на аеродромот во Одеса е оштетена како резултат на ракетниот напад и нејзината понатамошна употреба е невозможна
Три силни експлозии доцна попладнево се слушнале во Одеса, од југозападниот дел на градот. Сликите на социјалните мрежи покажуваат чад што се издига на хоризонтот.
Набргу потоа, началникот на прес-центарот на јужните одбранбени сили објави порака на социјалните мрежи во која се вели дека пистата на аеродромот во Одеса е оштетена како резултат на ракетниот напад и нејзината понатамошна употреба е невозможна.
Украинскиот воздушен простор е затворен за комерцијални летови од 24 февруари.