Од среда, 1 јули, целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
„Одлуката на Владата е донесена и аеродромите ќе бидат отворени на 1 јули, тоа е среда. Согласно протоколите коишто ги работат ТАВ и Комисијата за заразни болести ќе се види точно како треба сите да се однесуваат коишто сакаат да патуваат до Македонија и се разбира надвор од Македонија“,
изјави Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

Аеродромите во земјава беа затворени на 16 на март годинава, веднаш по појавувањето на пандемијата на коронавирусот. Оттогаш работеа само за државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго-летови.
Вчера ТАВ ги објави протоколите по кои ќе работат аеродромите во услови на ковид-19.