Со Груевски обвинет е и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски. Тие двајца се гонат за злоупотреба на службената положба. Обвинителот Љубомир Лапе своите завршни зборови ги даде на минатото рочиште на кое побара тие да бидат прогласени за виновни, а имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи ја и белата палата, да биде одземен

Ослободителна пресуда за експремиерот Никола Груевски побара денеска неговиот адвокат по службена должност, Горан Каркински, во завршните зборови за случајот „Талир 2“, кој се однесува не изградбата на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Според адвокатот, за Груевски кому му се суди во отсуство, обвинителството не презентирало докази за обвинувањата што му се ставаат на товар.
„Обвинителот во своите завршни зборови изврши измена на обвинението на кое не ни беше дадена можност за приложување нови докази заради побивање на нивните тези што секако е повреда на постапката“,
наведе Каркински.
Тој ги оспоруваше и „бомбите“ како докази, а во завршните зборови ја спомена и формата „Бетон“ која го градеше седиштето потенцирајќи дека ниту таа ниту државата не биле оштетени со тоа што компанијата со ВМРО-ДПМНЕ била соинвеститор за изградбата на објектот.
Сопственикот на „Бетон“, Минчо Јорданов, рече адвокатот, како сведок во случајот кажал дека не е оштетен и немало нешто нерегуларно во договорот.
Во случајот „Талир 2“ со Груевски обвинет е и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, кои се гонат за злоупотреба на службената положба. Обвинителот Љубомир Лапе своите завршни зборови ги даде на минатото рочиште на кое побара тие да бидат прогласени за виновни, а имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи ја и белат палата, да биде одземен.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатите Дончо Наков и Ружица Николовска, пак, на денешното рочиште не дадоа завршни зборови бидејќи, како што рекоа, партијата не е странка во постапката (тужител, обвинет или оштетен) туку само заинтересирана страна. Поради тоа, нагласија, не можат да дадат завршен збор, но и порачаа дека одземањето на имотот би било незаконско.