Одговарајќи на новинарско прашање кога ВЛЕН ќе биде формирана како партија, Ибраими рече дека за тоа досега дискутирале неколку пати
Пратеникот Аднан Азизи вечерва беше избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори што треба да се одржат во октомври.

„Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на ВЛЕН. Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека ВЛЕН се унифицира како заеднички субјект за заедничкиот настап на локалните избори наесен. За шеф на штабот на ВЛЕН е веќе избран пратеникот Аднан Азизи“,
изјави вечерва во Скопје претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибраими.
Одговорајќи на новинарско прашање кога ВЛЕН ќе биде формирана како партија, Ибраими рече дека за тоа досега дискутирале неколку пати.
„Тоа е прашање што има и правни работи, има и политички, но тоа е веќе помалку важно бидејќи е во сферата на администрацијата. ВЛЕН веќе функционира како еден заеднички субјект“,
рече Ибраими.
На прашањето кој е лидер на ВЛЕН, тој рече дека за тоа сѐ уште не е дискутирано.
„Тоа сѐ уште не е дискутирано во ВЛЕН, но во секој случај не се важни личните имиња во споредба на ВЛЕН како политички субјект“,
додаде Ибраими пред настанот што се одржува во Филхармонија.