Поголемиот дел од поништените визи се на туристи и деловни лица кои престојувале во САД и по истекот на документот. Поништени се и околу 8 000 студентски визи и 2 500 специјализирани визи за работа на лица кои имале судир со законот, односно се осудени или обвинети за некое кривично дело, вклучувајќи напад, кражба или возење под дејство на алкохол
Американскиот Стејт департмент во 2025 година поништи повеќе од 100 000 визи на странски државјани, што е двојно повеќе од 2024 година – последната година од администрацијата на експретседателот Џо Бајден.

Поголемиот дел од поништените визи се на туристи и деловни лица кои престојувале во САД и по истекот на документот кој им е издаден. Поништени се и околу 8 000 студентски визи и 2 500 специјализирани визи за работа на лица кои имале судир со законот за време на престојот во САД, односно се осудени или обвинети за некое кривично дело, вклучувајќи напад, кражба или возење под дејство на алкохол.
„Ќе продолжиме да ги депортираме бандитите за да ја одржиме Америка безбедна“,
наведоа од Стејт департментот.
🚨BREAKING: The State Department has now revoked over 100,000 visas, including some 8,000 student visas and 2,500 specialized visas for individuals who had encounters with U.S. law enforcement for criminal activity.
— Department of State (@StateDept) January 12, 2026
We will continue to deport these thugs to keep America safe. pic.twitter.com/wuHVltw1bV
Заменик-портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, порача дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе продолжи да ја става Америка на прво место и да ја штити нација од странски државјани кои, како што рече, претставуваат ризик за јавната или националната безбедност.
Во август минатата година администрацијата на Трамп објави дека ќе ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД. Целта, како што беше наведено, е да се утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до поништување на визата или депортација.
