Во јуни првпат се распоредени трупи во Лос Анџелес, а потоа следеше пристигнување на трупи и федерални агенти за миграции во главниот град на САД и закани за инвазија на други поголеми градови, вклучувајќи го и Чикаго
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Пентагон да испрати 100 американски војници и во Илиноис, соопшти гувернерот на оваа држава, Џеј-Би Прицкер, пренесува Ројтерс.

Ова се случува откако во јуни првпат се распоредени трупи во Лос Анџелес, а потоа следеше пристигнување на трупи и федерални агенти во главниот град на САД и закани за инвазија на други поголеми градови, вклучувајќи го и Чикаго.
Трамп смета дека распоредувањето на трупи е неопходно за да се спречи криминалот и протестите против неговата контроверзна и голема кампања на масовни депортации.
Пентагон соопшти дека добил барање за помош при заштитата на федералниот персонал, имотот и функциите.
„Сите одлуки ќе бидат донесени во согласност со утврдените процедури и ќе бидат објавени навремено“,
се вели во соопштението од Пентагон.
Според Прицкер, засилената имиграциска контрола на администрацијата на Трамп во Чикаго беше изговор за распоредување воени трупи против во оваа област.
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, дури потпиша и извршна наредба за спротивставување на репресијата на американскиот претседател.