Тнр. засилувач, би се давал осум месеци по втората доза, објави Си-ен-ен повикувајќи се на два извора запознаени со ова прашање
Иако некои земји веќе почнаа да даваат трета доза, Светската здравствена организација денеска објави дека актуелните податоци не покажуваат има потреба од трета доза на вакцината против коронавирус
Највисоките здравствени службеници во администрацијата на Бајден сеповеќе се согласни дека повеќето Американци треба да добијат трета доза вакцина потив ковид, или тнр. засилувач, осум месеци по втората доза, објави Си-ен-ен повикувајќи се на два извора запознаени со ова прашање.
Планот, на кој се уште се работи, предвидува давање трета доза од вакцината против ковид, некаде од средината до крајот на септември, но тој допрва треба да биде одобрен од Американската администрација за храна и лекови (ФДА).
Планот може да биде објавен уште оваа недела. До сега, федералните здравствени власти велат дека засилувачите не се потребни за општата популација. Минатата недела, ФДУ одобри трета доза за лица со ослабен имунитет, а Американскиот центар за контрола и превенција на болести речиси веднаш препорача да се дадат вакви дози.
Информацијата за планот за трета доза вакцина против ковид за поголем број Американци за првпат ја објави Њујорк тајмс.
Со оглед на тоа што здравствените работници и пациентите во старечките домови први беа вакцинирани, администрацијата во моментов очекува дека тие ќе бидат ипрви што ќе добијат и засилувач. Следни ќе бидат повозрасните кои исто така беа во првите редови за вакцинација.
Но, ова е планот за „засилувач“ за оние кои добиле вакцини со две дози. Официјалните лица се уште собираат податоци за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ која се дава во една доза. Експертите во моментов предвидуваат дека и на оние кои ја примиле оваа вакцина ќе им биде потребен засилувач, но одлуката за тоа ќе се донесе откако ќе имаат повеќе податоци, изјави за Си-ен-ен извор запознат со плановите.
„Фајзер и Бионтек“ во понеделникот соопштија дека доставиле првични податоци до ФДА за поддршка на употребата на засилувачка дози за нивните вакцини против ковид-19.
Третата доза доведува до значително повисок одговор со антитела против почетниот вид на коронавирус, како и варијантите делта и бета, во споредба со она што е забележано кај луѓе кои примиле две дози, велатод овиие две компании.
„Со оглед на високите нивоа на забележан имунолошки одговор, зголемена доза дадена во рок од 6 до 12 месеци по примарниот распоред за вакцинација може да помогне да се одржи високо ниво на заштита од ковид-19“,
се вели во соопштението на компаниите.
Минатиот месец, истражувачите објавија дека вакцината „Џонсон и Џонсон“ обезбедува имунитет кој трае најмалку осум месеци и се чини дека обезбедува соодветна заштита од загрижувачката делта варијанта. Од компанијата тогаш рекоа дека втора или трета (засилена) доза од нејзината вакцина нема да биде потребна. „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ рекоа дека нивните вакцини со две дози даваат заштита од најмалку шест месеци.
Иако некои земји веќе почнаа да даваат трета доза, Светската здравствена организација денеска објави дека актуелните податоци не покажуваат има потреба од трета доза на вакцината против коронавирус.
Според водечкиот научник на Светската здравствена организација, Сумја Саминанатан прво треба да им се дадат две дози на најранливите групи ширум светот, а дури потоа трета доза на оние што веќе се вакцинирани со две.