Во име на коалицијата НАИ, Арбер Адеми упати директен повик до секој член на ДИК, набљудувачите и до секоја институција со чесност и со висока професионалност и одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес

Изборите беа повеќе од локална трка. Тие беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата. Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања кои го оцрнаа процесот и ја нарушија еднаквоста на изборниот процес.
Ова го порача од коалициската говорница на НАИ, потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, по затворањето на гласањето на вториот круг од локалните избори.
„Сведоци сме на масовно купување гласови, изборен асфалт, ноќно бетонирање, злоупотреба на јавните ресурси и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта. Сепак и покрај сите овие злоупотреби, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и не дозволија да го искриват резултатот во првиот круг. Затоа сме убедени дека нема да успеат да го искриват ниту сега, во вториот круг. Нашата доверба е во граѓанинот, во силата на слободниот глас и во достоинството на човекот кој не се продава за вреќа цемент, набрзина асфалтиран пат или привремен договор“,
изјави Адеми.
Тој во име на коалицијата НАИ упати директен повик до секој член на ДИК, набљудувачите и до секоја институција со чесност и со висока професионалност и одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес.
„Секој глас е свет и секое мешање во него е мешање во иднината на државата. НАИ останува цврсто посветена на патот на промените, на граѓанското достоинство и на создавање општество во кое власта се добива со доверба, а не со притисок. Нашиот пат е јасен – патот на демократијата, еднаквоста и европската интеграција. Ние ќе го браниме тој пат со решителност, со спокој и со достоинство“,
рече Адеми.
Тој упати длабока почит кон секој граѓанин, а особено кон дијаспората.
