Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на денешната прес-конференција истакна дека се уште не е постигнат договор за моделот на настава во новата учебна година.
„Во постојана комуникација сме со Комисијата за заразни болести и министерот Филипче. Нашиот ангажман е во насока да се обезбеди најбезбедниот модел водејќи сметка за квалитетот на образовниот процес и за здравјето на учениците. Консултациите продолжуваат и понатаму. Во текот на денешниот ден и следниот ден ќе продолжат консулатциите со сите страни за наоѓање решение.
истакна Адеми.
Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година, напоменувајќи дека се разгледуваат три модели: за настава со физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел.
Министерот најави дека веќе се подготвени нацрт – законски измени за да им се овозможи флексибилност на школите во зависност од епидемиолошката состојба да изберат од овие модели.
„Но кога ќе бидат усвоени зависи од тоа кога ќе имаме функционално Собрание. Кога ќе почне учебната година зависи и од епидемиолошката состојба. Кумулативно, функционално собрание и епидемиолошка состојба“,
рече Адеми, додавајќи дека во владата не се разликуваат многу по своите ставови, туку се тоа финеси.
„Сите се залгаат за квалитетно образование и сите сме свесни дека со физичко пристуство тоа може да се обезбеди. Ако се организира онлајн настава ќе се соочиме со истите предивици со кои се соочивме и во послендното тримесечие од преходната учебна година“,
додаде Адеми.
Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но повторно како одлучувачка ја наведе епидемиолошката состојба.
„Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата,
истакна Адеми.
Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само во оние места во кои тоа го дозволува епидемиолошката состојба.