Тој најави дека како што ќе доаѓаат резултатите од секоја општина, ќе ги објавуваат во партиското седиште на ДУИ во Тетово
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, информира дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), добила две градоначалнички места уште во првиот круг од гласањето. Според Адеми, победиле нивните кандидати во општините Липково и Пласница.

„Во Липково е завршен изборниот процес и без втор круг на гласање. Нашиот кандидат Ерхан Арифи победи со сооднос 3:1. Исто така, изборите завршија и во општина Пласница, каде што нашиот кандидат веќе ја заокружи целосно неговата победа, 2:1 со противкандидатот кој доаѓаше од Турската демократска партија“,
рече Адеми.
Тој најави дека како што ќе доаѓаат резултатите од секоја општина, ќе ги објавуваат во партиското седиште на ДУИ во Тетово.