Посочи дека тумор-маркери освен на Клиниката за онкологија можат да се испитаат и на Клиниката за биохемија, како и на други клиники
Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблемот со тумор-маркери за онколошки пациенти, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на новинарско прашање во врска со поплаки на пациенти дека има недостиг на тумор маркери.
Посочи дека тумор-маркери, освен на Клиниката за онкологија можат да се испитаат и на Клиниката за биохемија, како и на други клиники.

„Поради законски пречки, ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да убрзате. Еден од 12-те закони што ги менуваме и адаптираме, е и за ова прашање. Уште пред неколку месеци најави дека ќе разгледуваме постапките да почнуваат, не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, за да не стигнеме со вакви моменти на административни процедури, кога пациентите ќе чекаат лекови“,
кажа тој.
Најави дека сега, откако се завршени локалните избори, ќе почне да се работи на инфраструктурата во три болници, како штипската, тетовската и кичевската.
„Кичево ќе се гради одново, зашто постоечкиот објект не ги исполнува инфраструктурните базични барања за да биде институција што ќе нуди здравствени услуги, не само за Кичево, туку и за целиот регион“,
рече Алиу.
