Претходно „Волстрит џурнал“ објави дека рускиот олигарх и украински мировни преговарачи имаат симптоми на труење откако се сретнаа во Киев претходно овој месец
Руската новинска агенција РИА на социјалните мрежи сподели слика од Роман Абрамович кој е на преговорите во Истанбул. Според објавената фотографија, Абрамович изгледа добро имајќи ги предвид претходните информации дека бил затруен.

Портпаролот на сопственикот на ФК Челзи изјави дека има сомненија дека тој бил затруен за време на претходната рунда разговори.
Претходно „Волстрит џурнал“ објави дека рускиот олигарх и украински мировни преговарачи имаат симптоми на труење откако се сретнаа во Киев претходно овој месец.
Се вели дека имал болки во очите и лупење на кожата. Извор близок до Абрамович изјави за Би-би-си дека тој сега закрепнал и дека е фокусиран на преговорите за ставање крај на војната.
Точната природа на неговата позиција во разговорите е нејасна, но портпаролот на олигархот претходно рече дека неговото влијание е „ограничено“.