Во говорот тој порача дека Европа се наоѓа во нова фаза поради руската агресија на Украина и дека е потребно одлуките да се носат брзо и паметно
Премиерот на Црна Гора, Диртан Абазовиќ, денеска во Европскиот парламент (ЕП) порача дека ако Западен Балкан остане надвор од ЕУ, за неколку години може да стане новата Украина.
„На регионот му се потребни позитивни вибрации и да види дека вратите на ЕУ се отворени за државните кои заслужуваат да бидат дел од Унијата. Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупна на Европа. Треба да знаете дека, ако останеме надвор од Европа, не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина. Мислам дека тоа никој не го сака во ЕУ“,
им порача Абазовиќ на европратениците, пренесува црногорскиот портал „Вјести“.
Во говорот тој посочи дека Европа се наоѓа во нова фаза поради руската агресија на Украина и дека е потребно одлуките да се носат брзо и паметно.