Во претрес во КПУ „Идризово“ се пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети, информираат од МВР.
„По добиена наредба од судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ ‘Идризово’. При претресите пронајдени се: поголема сума парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-ина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножа и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела“,
се вели во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека другите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.