Бугарија е подготвена за воведување на еврото и укинување на левот како национална валута – Бугарската национална банка вчера соопшти дека е изготвен нацрт-план со кој еврото ќе се воведе од 1 јануари 2024 година.
Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица. Подготовките за влез на Бугарија во еворзоната се закажани за 1 јануари 2024.
Конверзијата, како што соопштија бугарските медиуми, ќе се изврши со примена на фиксниот курс помеѓу еврото и левот. А по воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање.
Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратегиски документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Република Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите членки на еврозоната
Нацртот на националниот план за воведување на еврото во Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.