Ќе треба да се скенираат сите наши граѓани над 40 години, тоа се европски стандарди, вели министерот
Сите граѓани над 40 години ќе имаат право на бесплатни прегледи за рано откривање на дијабетис, хипертензија, срцеви и белодробни заболувања, најави новиот минситер за здравство, Азир Алиу.
Министерот вели дека тоа се европски стандарди. Програмата ќе важи за сите граѓани, а пријавувањето за прегледите ќе биде онлајн.
„Европските стандарди покажуваат дека од 35 до 45 проценти се намалуваат ризиците за понатаму и лекувањето е многу поевтино. Направена е физибилити-студија, знаеме како – ќе одиме чекор по чекор со кампања за да ги информираме граѓаните и втор момент е начинот на апликација. Не е нешто што ќе почне од утре, туку е програма за скенирање и обуки за тоа како да се грижиме за нашето здравје“,
кажа Алиу.
На денешната – прва прес-конференција по неговиот избор, Алиу објави амбициозен план за реформи во здравството, во пет столбови – од мапирање на здравствените потреби по региони, платформа за следење на перформансите на болниците, професионален развој на кадрите, план за одржливо финансирање и дигитализација.