На почетокот на седницата Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ побара од Џафери, додколку е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците
Предлогот за реизбор на Џафери го образложи неговиот сопартиец Изет Меџити
Собранието со еден час задоцнување од најавата, ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом.
Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Талат Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието.
Во нивно име, предлогот го образложи Изет Меџити од ДУИ, кој поред најавите ќе биде коориднатор на пратеничката група на оваа партија.
Претседателот на Собранието се избира со 61 глас.
На седницата и претходеше координација на пратеничките групи со Џафери за текот на пленарката, а координации имаа и пратеничките групи.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше своја координација на која присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
На почетокот на седницата Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ побара од Џафери, додколку е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.
Таа имаше забелешки и на начинот на кој биле информирани пратениците за денешната седница.
„Ова што ни се случува, да не знаеме ниту еден ден пред седница да дознаваме, е невообичаено. Не велам дека треба 10 дена да се почитуваат, но ни треба пристојно време за седницата“,
рече Силјановска- Давкова.
Џафери рече дека ќе ја води седницата додека трае расправата по предлогот, а потоа ќе го отстапи претседавачкото место на некој од замениците.
Во врска со навременото информирање на пратениците, Џафери рече дека е свесен дека свесен дека пратениците од верификацијата не ги уживаат сите права, истакнувајќи дека тоа пред се се должи на непостоење на Комисија за избори и именувања во чија надлежност е дорегулирање на правата.
На денешната координација, тој побарал од партиите што е можно побрзо да достават предлози за да може пред 26 август да се формира и таа комисија за да може да подготови одредени решенија.
„Во спротивно ризикуваме ниту ниту пратениците ниту службата да не земат плата“,
рече Џафери.
Во моментов. трае расправата по предлогот за Џафери за претседаел на Собранието.