Македонски автобус утрово се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските агенции.
Како што се дознава, крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.
Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата.