Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.
Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.
„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи проценка“,
додаде Филипче.