„Наjголемиот предизвик за нас денеска е граѓанското помирување“, истакна претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, во илинденското обраќање на свеченоста во Вила Водно.
Тој дополни дека патот до помирувањето води преку правда за која е потребно владеење на правото – темелна вредност со која не смее да се прави компромис.
„Само граѓанско помирување втемелено на правда и одговорност ќе ни ја врати меѓусебната доверба и ќе ни овозможи да изградиме праведно и напредно европско општество во кое секој човек ќе се чувствува еднакво вреден. Нема друга алтернатива“,
рече Пендаровски.
Пендаровски порача дека државата е заедничка одговорност на сите граѓани без разлика на етничка или верска припадност. Побара заедничка грижа за неа како за нешто највредно, а тој како претседател ќе работел да имаме држава што ќе ги заштитува граѓаните како највредното што го има.
„Затоа да ги надминеме историските поделби и меѓусебните конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи независно дали се етнички, верски, идеолошки, партиски или генерациски, да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел транформација на С. Македонија во напредна европска држава, членка на НАТО и на Европската унија“
порача Пендаровски.
Претседателот рече дека во центарот на тој историски потфат мора да биде достоинството на граѓанинот кој мора да добие шанса да се реализира тука во својата земја.