Брисел и е понаклонет на С.Македонија отколку на Албанија иако двете земји добија датум за преговори, вели во интервју за австрискиот дневен весник „Der Standard“, еврокомесарот Јоханес Хан.
„Сè уште работиме на тоа и двете држави да ги отворат преговорите. Но, не е тајна дека земјите членки на ЕУ ѝ се понаклонети на С.Македонија . И двете држави ги исполнија критериумите кои ги бараа земјите членки на ЕУ. Затоа и ја дадовме препораката. Но, С.Македонија не само што ги спроведе неопходните реформи, туку го постигна и историскиот Преспански договор, како и Договорот за пријателство со Бугарија.Тие успеаа да разрешат политички конфликт кој траеше со децении и тоа со голема доза политичка смелост, зошто тоа решение беше поврзано со сериозен не само политички, туку и личен ризик “,
истакна Хан.

Акцентирајќи го напредокот кој го постигнала официјална Тирана во спроведувањето на судските реформи, Хан сепак признава дека не е сигурен дали Албанија ќе добие „зелено светло“ за почеток на преговорите.
„Во Албанија има проблеми. На пример, опозицијата го напушти парламентот, а владата не успева да води отвори дијалог. Отпочна процедурата за смена на претседетелот. Владата на С.Македонија, од друга страна, постапува коректно и прави напори да ја вклучи опозицијата. Јас се сртенав со лидерот на опозицијата и апелирав до него да продолжи да покажува конструктивност“,
вели тој.

Во интервјуто, новинарот на „Стандард“ забележува дека, со исклучок на Северна Македонија, регионот сѐ уште не ги отфрлил говорот на омраза и национализмот, иако тоа е предуслов за решавање на регионалните конфликти. Хан се согласува со таквата оценка и посочува дека токму затоа е важно С.Македонија да биде наградена за сите нејзини напори.
„Другите влади во регионот многу добро знаат дека патот по кој оди С.Македонија е вистинскиот. Во многу разговори ми го потврдиле тоа – но, однесувањето им е различно. Во овој контекст, политичарите во С. Македонија се пример за воведување нов тренд. Така што, ако на С. Македонија ѝ се дозволи отворање пристапни преговори во октомври, како што очекувам, тогаш се надевам дека тоа ќе влијае позитивно на целиот регион“,
вели еврокомесарот.
.