Освен во двата казнено-поправни дома, разгледана е можноста во текот на процесот и во согласност со законските прописи дел од добитокот да им биде отстапен на здруженија на сточари и на млади сточари. Но, пред воопшто да биде фатен, Акцискиот план предвидува мапирање на локациите на кои е концентриран добитокот, при што надлежните ќе ја утврдат неговата бројност и распространетост и пристапноста на локациите
Кравите што неконтролирано се движат во Крива Паланка и околината во почетната фаза од фаќањето ќе бидат згрижени во Казнено-поправниот дом во Идризово и Казнено-поправниот дом во Прилеп.
Ова е утврдено со Акцискиот план на Владата за фаќање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на кравите од Крива Паланка, кој денеска бил разгледан на координативен состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со сите институции вклучени во процесот.

Освен во двата казнено-поправни дома, разгледана била и можноста во текот на процесот и во согласност со законските прописи дел од добитокот да им биде отстапен на здруженија на сточари и на млади сточари. Но, пред воопшто да биде фатен, Акцискиот план предвидува мапирање на локациите на кои е концентриран добитокот, при што надлежните ќе ја утврдат неговата бројност и распространетост и пристапноста на локациите.
Во реализација на Акцискиот план, покрај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вклучени се и Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Бирото за процена.
На денешниот состанок со претставниците на овие институции, како што изјави ресорниот министер Борче Серафимовски, е утврден планот за постапување со конкретни задолженија за секоја од нив. Со ваков механизам и институционална координација, според него, се создаваат предуслови за трајно решавање на проблемот.
„Приоритет е заштитата на граѓаните, нивниот имот и земјоделското производство, преку ефикасно спроведување на законските решенија, со истовремено почитување на стандардите за здравствена заштита и благосостојба на животните. Од суштинско значење е секоја институција одговорно и ефективно да го реализира својот дел од преземените обврски“.
порача Серафимовски.
