„Се договоривме во овој момент ние ќе го исплаќаме редовно она што ни е законска обврска, 140 денари, а од нив ќе чекаме одговори. Студентите предложија уште еднаш да направат анкета, разговор, дискусија со поединечните студентски собранија на факултетите, да добијат од нив одговор дали го прифаќаат овој модел, потоа да ги сублимираат резултатите и да дојдат во Министерството да ни ги соопштат“, кажа министерката за образование информирајќи за средбата со новиот лидер на студентите на УКИМ
На новинарско прашање дали при евентуално зголемување сумата ќе се усогласи со стапката на инфлација и ќе достигне до 180 денари, Јаневска изнесе нова пресметка. Откако претходно во јавноста споменуваше суми од 160 и 161 денар, таа посочи дека според последните податоци од надлежниот сектор, базирани на стапките од Државниот завод за статистика, усогласениот износ изнесува 156 денари
Министерката за образование и наука Весна Јаневска потврди дека вчера имала средба со новиот претседател на Студентското собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Адам Стојановски, на којa било разговарано за субвенционариот студентски оброк.

Според Јаневска, поради промените во раководството на студентското собрание на УКИМ, студентите побарале дополнително време за да спроведат анкета и консултации со факултетските собранија, по што сублимираните резултати ќе ги достават до Министерството.
Според ресорната министерка, двете страни се договориле Министерството за образование и наука (МОН) да продолжи да исплаќа по 140 денари субвенција за студентски оброк месечно, како што налага законската обврска според Јаневска, а во меѓувреме студентските здруженија дополнително да го разгледаат новиот модел за субвенциониран студентски оброк што, како што кажа таа во синоќешното гостување во „360 степени“, би можел да почне да се применува од 1 октомври 2027.
Имено, поради промените во раководството на студентското собрание на УКИМ, студентите, според Јаневска, побарале дополнително време за да спроведат анкета и консултации со факултетските собранија, по што сублимираните резултати ќе ги достават до Министерството.
„Вчера имав средба со новиот претседател на релевантното студентско собрание на УКИМ, бидејќи таму имаше промена на раководството. Ние вчера се запознавме, но и разговаравме на темата затоа што таа е значајна. Се договоривме, во овој момент, ние ќе го исплаќаме редовно она што ни е законска обврска, 140 денари, а од нив ќе чекаме одговори. Студентите предложија уште еднаш да направат анкета, разговор, дискусија со поединечните студентски собранија на факултетите, да добијат од нив одговор дали го прифаќаат овој модел, потоа да ги сублимираат резултатите и да дојдат во Министерството да ни ги соопштат. Значи тоа ќе го причекаме“,
рече министерката одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.
Дополнително, во меѓувреме, таа рече дека ќе организира уште една средба со претседателите на сите универзитетски собранија, кои веќе се во тек со предложените измени на моделот за да види какви се нивните одговори. Јаневска додаде оти побарала одговорите да бидат доставани во писмена форма до МОН за да не се појават евентуални разлики во иднина, на пример, при промена на раководството.
Прашана во врска со најавениот модел за дополнителни услуги на студентите преку апликацијата „М-услуги“, за кој изминатиот викенд и вчера говореше премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование појасни дека веќе е формирана работна група која го разработува моделот. Планот предвидува Владата да распише јавен повик за оператори за храна (продавници, пекари, ресторани), кои ќе треба да исполнат задоволителни критериуми за квалитет и безбедност.
Студентите, преку мобилна апликација, кај овие оператори ќе можат да купуваат исклучиво храна со 20 проценти попуст во рамките на средствата од студентскиот оброк. Дополнително, истиот попуст од 20 проценти ќе важи и за храната што студентите во тие објекти ќе ја купуваат со сопствени пари.
„Идејата е дека Владата ќе распише повик за да се пријават што е можно повеќе оператори за храна и од тие што ќе бидат избрани – условите нема да бидат најстроги, но ќе бидат задоволителни за да биде безбедно тоа и квалитетно што го нудат – кога ќе бидат одбрани тие оператори, тогаш со една апликација на мобилниот телефон која студентите ќе ја имаат, а ќе ја изготви Владата, тие во вредноста од студентскиот оброк, храна, не друго, храна, тоа што ќе го купат ќе добијат 20 проценти попуст. Но, во истата продавница да речеме, или пекара, или ресторан, и она што ќе го платат со сопствени пари ќе добијат 20 проценти попуст“,
кажа Јаневска.

На новинарско прашање дали при евентуално зголемување сумата ќе се усогласи со стапката на инфлација и ќе достигне до 180 денари, Јаневска изнесе нова пресметка. Откако претходно во јавноста споменуваше суми од 160 и 161 денар, таа посочи дека според последните податоци од надлежниот сектор, базирани на стапките од Државниот завод за статистика, усогласениот износ изнесува 156 денари.
Сепак, примената на оваа одредба засега е на чекање поради правни нејаснотии и спор пред судовите.
„Правниците тврдат дека законот е недоречен и отвора простор за двојно толкување. Поради таа неусогласеност, до Министерството веќе се пристигнати три тужби до Управниот суд. Постапката е во тек и како ќе одлучи судот, така и ќе постапиме“,
заклучи Јаневска.
Министерката за образование и наука, на оваа тема говореше во синоќешното гостување во „360 степени“ на МРТ 1. Таа потврди дека во законот е предвидено усогласување со инфлацијата, но посочи дека таму е утврден фиксен износ од 140 денари и не е наведено чија е обврската за корекција. Таа најави дека МОН можеби ќе побара автентично толкување од Собранието, но дека во моментов ги чека исходите од судските постапки по поднесените тужби од невладиниот Форум за образовни промени и од Либерално-демократската партија, која сè уште не е пристигната во Министерството.
Во врска со изјавата на Јаневска денеска реагираа од политичката партија Левица, од каде нејзините наводи ги оценија како дрски и арогантни. Оттаму го отфрлија образложежението на министерката дека во Законот не е прецизирано кој треба да го изврши усогласувањето, наведувајќи со ваквата политика студентите се оштетени за околу 400 милиони денари.
