Во нападот нема повредени, но дека железничкиот сообраќај преку мостот е запрен
Претходните напади предизвикаа сериозни оштетувања на патниот дел од мостот, при што се урна дел од конструкцијата во должина од 227 метри. Сепак, железничката линија, и покрај претрпените оштетувања, тогаш остана функционална
Кримскиот мост повторно е цел на напад од украинските сили, по што сообраќајот преку него привремено е прекинат, соопшти гувернерот на Крим, Сергеј Аксоњов.
Ова е трет напад врз мостот во текот на една недела, објави британскиот весник „Гардијан“.

Според информациите што ги пренесува весникот, надлежните служби излегле на терен и започнале со процена на причинетата штета. Руското Министерство за транспорт соопштило дека во нападот нема повредени, но дека железничкиот сообраќај преку мостот е запрен.
Претходните напади предизвикаа сериозни оштетувања на патниот дел од мостот, при што се урна дел од конструкцијата во должина од 227 метри. Сепак, железничката линија, и покрај претрпените оштетувања, тогаш остана функционална.
🔥 A fireball lights up the highway as Russia’s land route to Crimea gets hit Reports say Ukrainian drones struck the Mius River bridge in Rostov, hours before new hits on the Kerch Bridge. Both ways into Crimea, hit in a day. How long can Russia keep it supplied? https://t.co/bw7nEhIW5l
— Notif News (@NotifNews1) November 19, 2026
Во меѓувреме, руските сили повторно нападнале објект на украинската енергетска компанија „Нафтогас“ во Полтавскиот регион. Од компанијата соопштиле дека во текот на неделата биле нападнати и нејзини објекти во Днепропетровскиот регион.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од САД да овозможат користење на сателитскиот комуникациски систем „Старшилд“, со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Според него, системот би помогнал во одбраната од руските и севернокорејските ракетни системи распоредени во близина на границата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја критикуваше најавената британска испорака на повеќе од 1 000 ракети и десет радари за украинската противвоздушна одбрана. Москва оценува дека западните испораки на оружје ги отежнуваат преговорите.
