Според информациите, десет лица загинале на самото место, а едно лице починало во болница, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Калојан Калојанов
Во врска со трагичниот настан, бугарскиот премиер наведе дека веста за сообраќајката го затекнала во авион, додека со владината делегација патувале кон Варна. Веднаш по слетувањето, тој му наредил на министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев да го испрати владиниот авион за Бургас, за да помогне при транспртот на повредените во болниците во Софија
Најмалку 11 загинати и 48 повреди е црниот биланс од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила на автопатот „Тракија“, кај местото Зимница во југоисточниот дел на Бугарија, објавија тамошните медиуми.

Два верижни судири на двата правци од автопатот „Тракија“
Првите информации за тешката несреќа стигнале, според Бугарската национална телевизија – БНТ, пристигнале околу 7:10 часот, по што бил активиран системот БГ-алрет (BG-Alert). На местото веднаш се упатиле бројни медицински тимови од градовите Јамбол, Сливен и Бургас. Според информациите на бугарските медиуми, до трагичниот исход дошло по два верижни судири, што се случиле на автопатската делница во овој дел на земјата. Во двете несреќи учестувале над 50 возила – автомобили, комбиња и тешки камиони.
Информацијата за бројот на загинати и повредени лица во трагичната несреќа ја соопшти премиерот на Бугарија, Румен Радев, на почетокот на прес-конференцијата со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, која денеска е во официјална посета на земјата.
„Прво, би сакал да изразам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во страшната несреќа на Тракискиот автопат“,
рече Румен Радев.
Тој информираше дека поради несреќата се откажани сите средби и активности планирани во рамките на посетата на претседателката на ЕК, што требаше да се одржат во Варна. Откажана е денешната седница на владата.
Сочувство до семејствата до загинатите упати ѝ Фон дер Лајен, на која Радев ѝ се заблагодари за нејзиното разбирање поради откажувањето на програмата околу нејзината посета.
Во врска со трагичниот настан, бугарскиот премиер наведе дека веста за трагедијата го затекнала во авионот, додека со владината делегација патувале кон Варна. Веднаш по слетувањето, тој му наредил на министерот за внатрешни работи, Иван Демерџиев да го испрати владиниот авион за Бургас, за да помогне при транспртот на повредените во болниците во Софија.
Формиран кризен штаб – во тек е операцијата „Спасување“
Според Радев, два авиони од типот „Спартан“ слетале на аеродромот во Бургас со носилки и медицински екипи.

„Досегашниот биланс е 11 мртви и 48 повредени. Бидејќи концентрацијата на повредените е во болниците во Сливен и Јамбол, наредив, „Спартанците“ во моментов да бидат прераспоредени од Бургас на аеродромот ‘Безмер’ во Јамбол. Остануваме целосно подготвени да ги евакуираме повредените од Сливен, Јамбол и Бургас во болниците во Софија“,
кажа Радев, пренесе БНТ.
Премиерот додаде дека тој и министерот за одбрана Димитар Стојанов заминуваат за Бургас, Сливен и Јамбол.
Информациите, што претходно ги објави бугарскиот национален сервис, велат дека во верижната сообраќајна несреќа учествувале вкупно 86 возила – 63 на автопатот во правец кон Буграс и 23 во другиот правец.
Првиот сигнал за верижна несреќа стигнал околу 7:10 часот утрово. Несреќата се случила во реонот на 289-от километар во правец на Бургас. Кратко потоа, на патот во правец на Софија се случил вториот судир.
Ова според БНТ, го соопштиле претставници на надлежните институции на брифинг со новинарите во врска со трагедијата.
Вицепремиерот и министер за економија, инвестиции и индустрија, Александар Пулев, информира дека е формиран кризен штаб за координација со спасувачките активности по тешкиот верижен судир на автопатската делница. Вршителот на должност главен секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Љубомир Николов изјави дека по негова наредба е акцијата „Спасување“.

Во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и тој е пренасочен по обиколните патишта. На возачите што денеска патуваат во овој дел од Бугарија, има се препорачува да бидат особено внимателни.
Екипите за итни случаи, сpоред дел од информациите се соочиле со тешкотии да стигнат до настраданите, од кои некои бил заробени во автомобилите. Според првичните информации при верижниот судри дел од возилата се запалиле.
Густата магла причина за несреќата!?
Увидот и истрагата на местото, допрва треба да ги утврдат причините за несреќата, но според првичните информации за двата верижни судири придонела густата магла што утрово се спуштила на тој дел од автиопатската делница поради што видливоста била намалена.
Според информациите што ги соопшти вршителот на должноста главен секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Љубомир Николов, првата несреќа се случила на сообраќајната лента во правец на Бургас, каде камион го блокирал патот на автобус што превезувал патници. Потоа, зад него се случила сообраќајна несреќа со друг камион што превезувал пченица, по што патнички автомобил удрил во неговиот заден дел.
Сите починати биле од судирот на оваа коловозна лента од автопатот. Најверојатно, сообраќајната несреќа се случила како резултат на ненадејното појавување на густа магла.
Според информациите, десет лица загинале на самото место, а едно лице починало во болница, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Калојан Калојанов.
Давесет и осум повредени се хоспитализирани во округот Сливен, 16 во округот Јамбол и 6 во Бургас.

„Претпоставуваме дека несреќата на патот кон Софија се случила по ист механизам, а совпаѓањето на локациите на двете несреќи веројатно се должи на тоа што возачите биле дефокусирани од инцидентот во близина“,
објаснил вршителот на должноста генерален секретар на Министерството за внатрешни работи, пренесе новинската агенција БТА.
Николов изјави дека сите повредени се хоспитализирани. Се претпоставува дека еден од повредените во Бургас ќе биде транспортиран со воениот авион „Спартан“. Неколку лица се на интензивна нега. Во моментов нема повредени или починати деца. Генералниот секретар посочи дека ќе се разговара за можноста за подобрување на ознаките на патот во областите каде што често има магла.
„Целата сообраќајна несреќа ќе биде детално истражена“,
додаде тој.
