Во близина на опожареното возило полицијата пронашла машко лице без знаци на живот, а по локализирање на пожарот, безживотно тело било пронајдено и во самото возило. Телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта
Две безживотни тела и опожарено возило се пронајдени на местото викано „Ичева чешма“ во Горно Село во Богданци. Едно од починатите лица е идентификувано како В. Г. (21) од Богданци.

Случајот бил пријавен во полиција вчера во 18:40 часот од страна на Т. К. од Богданци, кој пријавил дека на местото „Ичева чешма“ забележал паркиран опожарен автомобил, во чија близина има безживотно тело.
По пристигнувањето на местото на настанот, полициските екипи од Гевгелија констатирале дека во близина на опожареното возило има машко лице без знаци на живот. Лицето е идентификувано како В. Г. (21) од Богданци, кај кого е констатирана смрт од страна на екипи на Итната медицинска помош.
„По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека и во возилото има опожарено лице без знаци на живот“,
велат од МВР.
На местото на настанот е изврешн увид, а по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
