Осомничен е Р.Т. раководител на информатичкиот сектор при штипскиот универзитет
Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во рамки на истрага за злоупотреба на службена положба и овластување и оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем од страна на раководител на информатички сектор при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

„По судска наредба обезбедена од ОЈО Штип се вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела ‘злоупотреба на службената положба и овластување’ и ‘оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе ја известиме јавноста“,
соопштија утринава од МВР.
Акцијата ја спроведуваат полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за внатрешни работи Штип, Секторот за внатрешни работи Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР.
