Поради утврдените отстапувања од безбедносните стандарди, издадено е решение пратката во целост да биде вратена во земјата на потекло

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболки од Македонија, откако лабораториските тестови потврдиле присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници.
Според соопштението од БАБХ, пратката тежела околу 19,3 тони. Поради утврдените отстапувања од безбедносните стандарди, издадено е решение пратката во целост да биде вратена во земјата на потекло.
Од бугарската агенција истакнуваат дека пратката е откриена како резултат на редовните, засилени инспекциски контроли кои институцијата ги спроведува врз целото увезено свежо овошје и зеленчук.
