Претседателката упати честитки преку објава на социјалната мрежа Икс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија, оценувајќи дека српските граѓани покажале демократска зрелост.
„Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,
напиша Сиљановска-Давкова на Икс.
Во објавата, напишана на англиски јазик, претседателката честитката ја насочува кон граѓаните и кон начинот на промена на власта.
На предвремените парламентарни избори во Србија победи опозициската Студентска листа, а Александар Вучиќ го призна поразот уште пред објавувањето на резултати. Според проекциите, Студентската листа освоила 51-52 отсто од гласовите и би добила 138-140 од вкупно 250 пратенички места, наспроти 103-105 за листата на Вучиќ. Изборите следуваа по речиси две години студентски протести против корупцијата и власта.
