Јасно е дека ние ги изгубивме овие избори, Студентско-блокадерската листа ќе има од 135-140 мандати, ние ќе имаме околу 105 мандати. Ние имаме околу 1 720 000 гласови, тие имаат околу 2 200 000. Бидејќи зборуваа дека некој ќе бега и ќе пакува куфери, како некој им се плаши и ќе се крие, лажеа. Лажеа се што зборуваа, порача Вучиќ
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“ од изборниот штаб на Српската напредна партија призна пораз на предвремените парламенатарни избори кои се одржаа денеска. Повикувајќи се на податоци за бројот на освоени гласови, тој кажа дека има помалку од Студентската листа.
„Јасно е дека ние ги изгубивме овие избори, Студентско-блокадерската листа ќе има од 135-140 мандати, ние ќе имаме околу 105 мандати .Ние имаме околу 1 720 000 гласови, тие имаат околу 2 200 000. Бидејќи зборуваа дека некој ќе бега и ќе пакува куфери, како некој им се плаши и ќе се крие, лажеа. Лажеа се што зборуваа“
порача Вучиќ на

Вучиќ порача дека е горд на се што е досега направено и порача дека ќе продолжат да се борат и ќе покажат што значи опозиција. Според него, денешните избори претставуваат верификација на револуцијата, спроведена од како што рече, повеќе европски земји и структури во САД кои се против Трамп.
Според податоците кои ги објави набљудувачката организација ЦРТА, Студентската листа има освоено 51,47 отсто од гласовите, а листата предводена од Вучиќ има 40,42 отсто од гласовите.
