На претходните парламентарни избори, одржани на 17 декември 2023 година, излезеноста до 14 часот изнесувала 32,38 отсто. Тоа значи дека денешната излезеност е повисока за 14,15 процентни поени
До 14 часот на предвремените парламентарни избори во Србија гласале 46,53 отсто од запишаните избирачи, соопшти вршителот на должноста директор на Републичкиот завод за статистика, Бранко Јосиповиќ, на прес-конференција во Републичката изборна комисија, пренесува РТС.

Во Војводина излезеноста изнесува 49,23 отсто, во Белград 47,55 отсто, во регионот Шумадија и во Западна Србија 44,95 отсто, а во Јужна и во Источна Србија 44,04 отсто.
На претходните парламентарни избори, одржани на 17 декември 2023 година, излезеноста до 14 часот изнесувала 32,38 отсто. Тоа значи дека денешната излезеност е повисока за 14,15 процентни поени.
Според податоците на РИК, до 12 часот гласале 34,55 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи.
