Набљудувачите на ЦРТА забележале дека фотографирањето гласачки ливчиња е најчестата неправилност во претпладневниот дел од изборниот ден во Србија
Според податоците на набљудувачката организација ЦРТА, до 13 часот на вонредните парламентарни избори во Србија гласале 41,1 отсто од регистрираните избирачи.

За споредба, во истиот период на парламентарните избори во декември 2023 година, излезеноста изнесувала 26,6 отсто, што значи дека годинава е повисока за 14,5 процентни поени.
Набљудувачите на ЦРТА забележале дека фотографирањето гласачки ливчиња е најчестата неправилност во претпладневниот дел од изборниот ден во Србија.
Како што соопшти организацијата, појавата е регистрирана на 25 отсто од набљудуваните гласачки места, а во Белград на повеќе од половината.
Во Ветерник, ЦРТА поднела пријава до полицијата поради сомневање за купување гласови и гласање по шемата позната како „бугарски воз“.
