На последните парламентарни избори во 2023 година, до 9 часот наутро гласаа 5,3 отсто од гласачите. Тогаш, вкупната излезеност на гласачите беше 58,77 отсто
Излезеноста на вонредните парламентарни избори во Србија до 9 часот изнесува 12 отсто. Ова е првата проценка за излезеноста на ИПСОС и Цесид, која се базира на 94 отсто од обработениот примерок, објави РТС.

На последните парламентарни избори во 2023 година, до 9 часот наутро гласаа 5,3 отсто од гласачите. Тогаш, вкупната излезеност на гласачите беше 58,77 отсто.

Денеска во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори, каде што право на глас имаат 6 450 523 регистрирани лица. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8 392 избирачки места во земјата и странство.
Изборите ги набљудуваат и домашни и странски набљудувачи.
На избирачките места во Белград и Нови Сад уште од раните утрински часови се формираа долги редици, во кои граѓаните чекаат да го остварат своето право на глас.
На повеќе избирачки места во Белград редиците почнаа да се формираат уште пред официјалниот почеток на гласањето, како во централните, така и во периферните општини.
Слична е ситуацијата и во Нови Сад, каде што граѓаните почнале да се собираат околу пет часот наутро, два часа пред отворањето на избирачките места.
Во Ниш, каде се регистрирани 227 546 гласачи, редици имало уште пред отворањето на 198-те избирачки места.
