На повеќе избирачки места во Белград и Нови Сад редиците почнале да се формираат уште пред официјалниот почеток на гласањето
Слична е ситуацијата и во Нови Сад, каде што граѓаните почнале да се собираат околу пет часот наутро, два часа пред отворањето на избирачките места
Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори, кои се трети во последните пет години.
Гласањето започна утрово во 7 часот и ќе трае до 20 часот. На изборите се бираат 250 пратеници во Народното собрание на Србија.

На избирачките места во Белград и Нови Сад уште од раните утрински часови се формираа долги редици, во кои граѓаните чекаат да го остварат своето право на глас.
На повеќе избирачки места во Белград редиците почнале да се формираат уште пред официјалниот почеток на гласањето, како во централните, така и во периферните општини.
Слична е ситуацијата и во Нови Сад, каде што граѓаните почнале да се собираат околу пет часот наутро, два часа пред отворањето на избирачките места.
Во Нови Сад право на глас имаат 345 943 граѓани, кои можат да гласаат на вкупно 221 избирачко место.
Редови за гласање од утрово се формираат и во Крагуевац и Чачак.
Во Ниш, каде што се регистрирани 227 546 гласачи, редици имало уште пред отворањето на 198-те избирачки места.
Иста е и ситацијата и во останатите населени места во јужна Србија.
Големи гужви и висок одѕив се забележани на избирачките места во централна Србија, каде гласаат Србите од Косово. Тие уште во раните утрински часови, а некои и пред зори, тргнале од северот на Косово, како Грачаница, Косовско Поморавје, Штрпце, Ораховац, Метохија и други српски средини за да гласаат на парламентарните избори во Србија.
Право на глас, според Единствениот избирачки список на 9 октомври 2026 година, во Србија се регистрирани 6 450 523 гласачи.
