Голем дел од јавноста е поделена помеѓу листата предводена од владејачката Српска напредна партија (СНС) и Студентската листа, која произлезе од повеќемесечните протести поради смртта на 16 лица при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година
Истражувањето на РСЕ покажа дека повеќе од 500 000 луѓе во Србија ќе можат да гласаат на изборите иако во избирачкиот список немаат прецизно регистрирана адреса. Ова отвора прашања за точноста на избирачкиот список, иако властите тврдат дека тој е најажурен досега
В недела, на 25 октомври, во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори, кои се трети во последните пет години, пренесува регионалниот сервис на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ).
Изборниот процес се одвива во длабоко поларизирана атмосфера поттикната од масовните антивладини протести што започнаа во ноември 2024 година.

Според анализите, изборите се сметаат за најголем тест за 14-годишното владеење на Александар Вучиќ, кој во септември поднесе оставка од претседателската функција за да може ја предводи листата на Српската напредна странка (СНС).
Колку луѓе имаат право на глас?
Според пописот од 2022 година, во Србија има 6 647 003 жители.
На почетокот на месецот Републичката изборна комисија на Република Србија (РЕК) објави дека право на глас на овогодинешните избори имаат 6 450 523 граѓани.
Тоа се педесет илјади помалку од претходните, одржани во декември 2023 година.
Гласањето ќе се одвива на 8 392 избирачки места, од кои 93 се во странство. Гласачите, без оглед каде се наоѓаат во светот, ќе мора да гласаат според српско време (од седум часот наутро до 20 часот навечер, според средноевропско време).
И покрај рекордниот број регистрирани гласачи низ целиот свет, речиси три пати поголем отколку на последните избори, владата, без објаснување, одби да отвори гласачки места во десетици градови.
Меѓу градовите каде што гласањето нема да биде можно, а претходно беше можно, се Букурешт, Софија и Солун, во непосредна близина на Србија, како и Ванкувер во Канада, Грац во Австрија и Истанбул во Турција.
Колку учесници има во изборната трка?
Во изборната трка учествуваат 18 листи со вкупно 2 418 кандидати. Само 250 од нив ќе влезат во новиот состав на српскиот парламент и ќе добијат можност да формираат влада.
За да влезат во парламентот, листите мора да освојат најмалку три отсто од вкупниот број гласови.
Исклучок се девет листи на малцинствата. За нив важат малку поинакви правила, т.е. понизок праг што мора да го поминат. И покрај двоцифрениот број на кандидатски листи, атмосферата на овие избори е речиси како референдум.
И покрај двоцифрениот број изборни листи, атмосферата на овие избори е речиси референдумска.
Голем дел од јавноста е поделена помеѓу листата предводена од владејачката Српска напредна партија (СНС) и Студентската листа, која произлезе од повеќемесечните протести поради смртта на 16 лица при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година.
Излезеноста на претходните избори
На последните четири парламентарни гласања, излезеноста се движеше околу 58 отсто, како што беше случајот во декември 2023 година и април 2022 година.
На изборите во јуни 2020 година, дел од опозицијата го бојкотираше гласањето поради незадоволство од изборните услови, по што излезеноста падна на 49 отсто.
На парламентарните избори во април 2016 година, на гласање излегле 3,7 милиони од вкупно 6,7 милиони регистрирани гласачи, односно 56 отсто.
Над 16 000 набљудувачи
Според податоците на РИК, регистрирани се 26 домашни здруженија со повеќе од 15 000 набљудувачи, како и 57 странски организации и здруженија кои испраќаат над 600 набљудувачи.
Што се однесува до домашните организации, повеќе од илјада набљудувачи ќе имаат движењето „Крени-промени“, „МИМ“, „ИТ блокада“, „Црта“, „Чувари на победата“ и „Граѓани на стража“.
Помеѓу 500 и 1 000 набљудувачи ќе има Цесид.
Освен домашните набљудувачи, парламентарните избори во Србија ќе ги следат и меѓународни мисии.
Меѓу нив се мисиите на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), потоа Европскиот парламент, како и Парламентарното собрание на Советот на Европа и ОБСЕ.
Истражување на РСЕ: Повеќе од 500 000 гласачи имаат право на глас без прецизно регистрирана адреса
Истражувањето на РСЕ покажа дека повеќе од 500 000 луѓе во Србија ќе можат да гласаат на изборите иако во избирачкиот список немаат прецизно регистрирана адреса. Ова отвора прашања за точноста на избирачкиот список, иако властите тврдат дека тој е најажурен досега.
РСЕ откри примери за ваквата практика во различни делови на Србија, но надлежните министерства не дадоа објаснување за утврдените неправилности.
Истражувањето доаѓа во услови кога домашните и меѓународните набљудувачи предупредуваат на можни злоупотреби и недоследности во изборниот процес. На претходните парламентарни избори во 2023 година беа забележани притисоци врз гласачите од страна на владини претставници, како и неправилности на гласачките места. Властите ги отфрлиле ваквите извештаи како лажни.
Иако Владата тврди дека ги спровела сите препораки на мониторинг-мисијата на ОБСЕ за подобрување на изборните услови, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во прелиминарниот извештај пред гласањето на 25 октомври оцени дека изборниот процес се одвива во услови на долготрајна политичка криза и поларизација.
Набљудувачката мисија на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА), исто така, предупреди дека предизборната кампања се одвива во услови на ограничување на слободите и продлабочување на нееднаквоста меѓу учесниците во изборната трка.
